Можно “El clasico” финале во Лигата на шампиони

Реал Мадрид во трка за рушење на уште еден рекорд

 |  инфодеск  | 

Преостана само еден натпревар до најзначајниот “El clasico” во историјата. “Тоа би било навистина возбудливо финале. Барселона и Реал за прв пат би се сретнале во финалето на најзначајното натпреварување”, порача стоперот на Барселона Жерар Пике по натпреварот со Баерн, и додал дека не би имал ништо против во финалето да се сретнат со лутиот ривал.

Ништо против не би имале ниту Мадриѓаните на кои ова би им било 14 финале и можност за соборување на уште еден рекорд. Минатата сезона падна “decima”, а оваа може да падне првата одбрана на титулата европски шампион, откако се игра форматот Лига на шампиони. Тоа досега никому не му успеало, а бидејќи Реал безмалку ги држи сите рекорди во клупскиот фудбал, во Мадрид се уверени дека имаат потенцијал за прв пат да ја одбранат титулата во Лигата на шампиони.

Сепак, до сонуваното финале со Барселона и одбраната на титулата Реал ќе мора да се пресмета со секогаш незгодниот Јувентус, бидејќи “старата дама” веќе го потврди четвртиот наслов во Калчото, а има и предност од првиот натпревар, додека Реал оваа сезона може да остане со празни раце.

Од исходот од овој натпревар зависи и судбината на Карло Анчелоти бидејќи ако Реал загуби ќе остане без трофеј оваа сезона. Тоа би бил голем неуспех, дебакл, земајќи во обзир со кои играчи располага и колкава е нивната вредност. Тешко дека некој може да остане на клупата на Реал а истовремено да не освои ниеден трофеј во сезоната, иако се работи за тренер кој се запиша во алманахот како освојувач на “decima”.

Во Реал се враќа Бензема, а во Јувентус Погба. Погба сепак има поголемо значење во Јуве отколку Бензема во Реал, иако Анчелоти цврсто верува во триото Бејл, Бензема и Роналдо. Со враќањето на Бензема, Италијанецот ја враќа формацијата 4-3-3. Експериментот со формацијата 4-4-2 и со Серхио Рамос во средниот ред во Торино очигледно не успеа, па затоа Рамос се враќа на местото стопер наместо Варан.

Масимилијано Алегри се очекува да постави позатворена варијанта со закани од контри.

Можни состави:

Реал Мадрид – Касиљас, Карвахал, Рамос, Пепе, Марсело, Родригез, Крос, Иско, Бејл, Бензема, Роналдо.

Јувентус – Буфон, Лихштајнер, Бонучи, Келини, Евра, Погба, Пирло, Маркизио Видал, Мората, Тевез.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top