Фудбалската лига на шампиони дојде до самата завршница, а во полуфиналето ќе се сретнат Барселона – Баерн Минхен и Јувентус – Реал Мадрид. Фудбалските експерти се сложуваат во една работа, а тоа е дека во моментов во светскиот фудбал ова е најдоброто што се нуди, но и гледано низ бизнис бројките, тоа е врвот.
Јувентус е најсиромашен, приходите во минатата сезона биле само 279 милиони евра, а најголем дел од тоа е од продажба на влезници. Приходите на Барселона се 484 милиони евра, од што најмногу од реклами, додека Баерн Минхен заработил 487 милиони евра и е лидер во продажба на дресови. Тие продале 1,3 милиони за просечна цена од 90 евра.
Најбогат е кралскиот клуб, Реал Мадрид, кој минатата година отстварил приходи од 549,5 милиони евра и е единствен клуб кој ја премина бројката од 200 милиони од ТВ преноси. Не е ни чудо што Реал може да купува играчи кои чинат и повеќе од 100 милиони евра.
Имено, овие четири клуба, само во минатата сезона направиле обрт од вкупно фантастични 1,8 милијарди евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град