Повторно спектакуларни натпревари во Лигата на шампиони

Денес во Нион се одржа ждрепката за полуфиналето во Лигата на шампиони

 |  инфодеск  | 

Интересен е податокот дека единствено Баерн Минхен го добил повеќе пати Реал Мадрид во Лигата на шампиони отколку Јувентус. Баерн славел осум пати, а Јувентус пет.

Ждрепката сакаше да се сретнат Јувентус – Реал Мадрид и Барселона – Баерн Минхен, додека во Лигата на Европа се среќаваат Севиља – Фиорентина и Наполи – Днипро.

Реал Мадрид, Баерн, Барселона и Јувентус се четирите клубови кои останаа во конкуренција за овосезонската Лига на шампиони. Полуфиналните двојки ги извлече Карл-Хајнц Ридл, светски првак со Германија во 1990 година и освојувач на Лигата на шампиони со Борусија Дортмунд во 1997 година и амбасадор на финалето оваа година на Олимпискиот стадион во Берлин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top