Фудбалерите на Баерн вечерва на својата Алианц арена против Порто ќе мора по прв пат во својата историја да надомести два гола од првиот натпревар во некое европско натпреварување, доколку сака да оди понатаму.
Порто минатата среда ги искористи сите подароци на одбраната на Баерн и со три погодоци во мрежата на Ноер го совлада првакот на Германија со 3-1 во првиот натпревар. И покрај лошиот настап, играчите сеуште веруваат во позитивен исход, кога ќе се собере вкупниот резултат.
“Не смееме во натпреварот да влеземе со превисок набој. Мораме да бидеме мудри, не смееме да јуришаме. Екипата е полна со енергија. Веруваме во себе, но не смееме да си дозволиме многу грешки”, рекол германскиот репрезентативец Томас Милер на конференцијата за медиуми воочи возвратниот дуел кој ќе одреди дали Баерн под водство на Гвардиола ќе ја повтори 2013 година кога Јуп Хенкес ги одведе до тројна титула.
Баерн во својата историја пет пати бркал два гола заостанување на домашен терен во европските натпреврувања и сите пет пати не успеал.
Последен пат кој во Минхен бранел два гола предност беше Челзи во 2005 година во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Во Лондон беше 4-2 за Челзи, а во Минхен 3-2 за Баерн, на кој против Порто ќе му бидат доволни и 2-0 доколку мрежата на Ноер остане недопрена.
Гвардиола верува дека предноста на Порто е достижна, иако на овој натпревар ќе биде лишен од придонесот на Ариен Робен, додека настапот на Франк Рибери е под знак прашање. Добра вест за тренерот на Баварците е тоа дека може да смета на Бастиан Швајнштајгер и на Филип Лам.
“Мораме да бидеме потполно концентрирани и мораме да се бориме. Само така можеме да поминеме понатаму. Нема смисол да се појавиме на натпреварот ако не мислиме дека можеме да ја достигнеме негативата и резултатот да го направиме во своја корист”, изјави тренерот на Баерн Минхен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град