Бранителот на титулата во Шангај дојде до втората победа во овогодинешниот шампионат, а 35 во кариерата, со време од 1:39:42.008 часа.
Второто место, со седум десетинки заостанување му припадна на вториот возач на Мерцедес, Нико Розберг, додека на третото и четвртото место се најдоа возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Големата награда за Кина не донесе голема борба, а Хамилтон рутински ја одработи задачата и не водеше во трката само кога одеше во бокс. Фетел во првата половина успеваше да му се заканува на Розберг, но кога беше најважно тој не беше ниту во близина.
Третата трка сезонава ја одбележаа возачите на Мекларен, Фернандо Алонсо и Џејсон Батон кој успеаа да ја завршат трката, што во изминатите две трки за нив беше голем проблем.
Поголеми битки се водеа за пониските позиции, но не може да се каже дека имаше атрактивни потези. Двојката на Вилијамс, Фелипе Маса и Ватери Ботас ја следеше водечката четворка пред Роман Грожан во Лотус и возачот на Заубер Фелипе Наср. Првите десет, однозно освојувачи на бодови беа и Даниел Рикардо во Ред Бул и вториот возач на Заубер Маркус Ериксен.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 68 бода пред Фетел со 55 и Розберг со 30 бодови, додека во пласман за конструктори води Мерцедес со 119 бодови пред Ферари со 79 и Вилијамс со 48 бодови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град