Администрацијата на претседателот Барак Обама би можела да заземе нешто поинаков став кон Балканот, но за тоа ќе биде потребно време, изјави директорот на Програмата за источноевропски студии во Центарот „Вудро Вилсон“ Мартин Шлезингер.

Тој оцени дека политиката на Обама кон Балканот би „можела да поприми некои контури на политиката на Клинтон во позитивна смисла“.
Клинтоновата администрација отсекогаш веруваше дека еден од нејзините најголеми надворешно-политички успеси е завршување на војната во БиХ. Мислам дека Обама би сакал таа ситуација да ја унапреди, особено во поглед на помалку нејасната состојба на теренот во таа земја, изјави Шлезингер.
„Покрај дипломатијата, САД би можеле да ја разгледаат можноста за ограничено воено присуство – поради обезбедување регионална стабилност и соработка“, рече Шлезингер.
Тој смета дека клучното прашање, косовскиот статус, и натаму ќе биде „замрзнато спорно прашање“ и веројатно ќе остане така и понатаму.
„Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, штотуку потврди дека нема да ја признае независноста на Косово, но во исто време рече дека би бил подготвен дури и во Приштина да разговара за животните прашања на Србите на Косово, рече Шлезингер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град