Џин од Канада ќе дебитира во NBA

Тој ќе биде највисокиот играч во лигата и изгледа застрашувачки

 |  инфодеск  | 

Канадскиот кошаркар со индиско потекло, Sim Bhullar, 22 годишен џин од 226 цм. ќе добие прилика да заигра во NBA лигата откако во четвртокот потпиша десетдневен договор со Сакраменто.

Sim Bhullar е роден во Торонто, но ќе стане прв играч со индиско потекло кој облекол дрес на клуб од NBA лигата, а првата прилика да се најде на паркетот ќе ја има во ноќта петок спрема сабота кога Сакраменто ќе биде домаќин на Њу Орлеанс.

Сакраменто со Bhullar  потпиша иницијален договор во август минатата година и го прати во својата филијала Reno Bighorns кој се натпреварува во развојната лига. Таму во 39 натпревари Bhullar имал просек од 10,3 поени, 8,8 скокови и 3,9 блокади.

“Мислам дека сум спремен”, изјавил Bhullar откако ја добил поканата од Кингсите и потпишал десетдневен договор.

Освен тоа што е првиот кошаркар со индиски корени кој ќе заигра во NBA, овој џин е висок 226 цм. и тежок 163 кг., а ќе биде највисокиот играч во лигата.

“Свесен сум дека сите ќе одат на мене со оглед на тоа дека сум млад и нов во лигата. Веројатно сите ќе сакаат да видат што значи мојата висина и дали ќе се разликувам од другите на теренот”, изјавил 22 годишниот центар кој на минатогодишниот драфт остана вон кругот на избраните играчи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top