Израелските гласачи денеска ќе избираат нов Парламент меѓу 33 кандидатски листи. Рано изутринава беа отворени околу 9.500 избирачки места во земјата.
Израелските гласачи денеска ќе избираат нов Парламент меѓу 33 кандидатски листи. Рано изутринава беа отворени околу 9.500 избирачки места во земјата.
Социолошките истражувања предвидоа скромна победа на десната партија Ликуд, која е предводена од Бенјамин Нетањаху, кој се очекува да се врати на политичката сцена како премиер. Центристичката партија Кадима на министерката за надворешни работи Ципи Ливни е втора по популарност. Војната во Појасот Газа и обновувањето на палетинските ракетирања ги зајакнаа позициите на екстремно десната партија „Израел Бејтену“ (Нашиот дом Израел) на Авигдор Либерман. Работничката партија (Авода) на министерот за одбрана Ехуд Барак се наоѓа на четврто место според анкетите.
Гласањето ќе трае до 22 часот, а првите официјални резултати се очекуваат да бидат објавени утре.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град