Бројот на жртвите во шумските пожари во повеќе делови на Австралија се зголеми на 173 потврдени случаи, додека локалниот печат шпекулира со бројка од 230 загинати.
Бројот на жртвите во шумските пожари во повеќе делови на Австралија се зголеми на 173 потврдени случаи, додека локалниот печат шпекулира со бројка од 230 загинати.
Во меѓувреме, полицијата почна потрага по предизвикувачите на пожарите за кои се верува дека намерно ги подметнале.
Целата опустошена зона, која вклучува над 20 градови северно од Мелбурн, е прогласена за „место на злосторството“, изјави Кристина Никсон, комесар на полицијата на државата Викторија, најавувајќи почеток на „Операцијата Феникс“.
Најновите пожари во близина на Мелбурн се најтешка природна несреќа која го погоди континентот во последните 110 години. Пожари има уште во две австралиски држави – Јужна Австралија и Нов и Јужен Велс.
Исклучително високата температура на воздухот од над 40 степени целзиусови и силниот ветер досега уништија и над 30.000 хектари шуми и земјоделски површини, како и над 750 куќи, а најтешко беа погодени гратчињата Мерисвил и Кинглејк кај Мелбурн, во државата Викторија.
Иако температурата во меѓувреме опадна, властите стравуваат дека нема да бидат во состојба да ги стават под контрола пожарите, се додека не падне значителна количина дожд.
Очевидци опишуваат огнени ѕидови високи како четирикатница, дрва кои експлодираат и небо од кое паѓа пепел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град