Стареењето на европскиот парк од електроцентрали, предизвикано од недостигот на инвестиции, како и растечките енергетски потреби на Европа, ќе доведат до големо зголемување на цените на струјата.
Стареењето на европскиот парк од електроцентрали, предизвикано од недостигот на инвестиции, како и растечките енергетски потреби на Европа, ќе доведат до големо зголемување на цените на струјата.
Намалувањето на инвестициите во традиционалната и алтернативната енергетика заради кризата ќе доведе до стареење на европските електроцентрали и големо поскапување на струјата, се наведува во истражувањето на консултантската компанија A.T. Kearney.
„По излезот на светската економија од рецесија цените на струјата во Европа ќе се зголемат за над 50%”, прогнозираат експертите. Европските електроцентрали се премногу стари и во блиските години се неопходни значителни инвестиции.
Според податоците на аналитичарите од A.T. Kearney, за обновувањето на електроцентралите се неопходни годишни инвестиции од најмалку 30-35 милијарди евра, додека во 2009 и следната година компаниите сметаат да инвестираат околу 10 милијарди помалку.
Во извештајот се предупредува и на намалување на инвестициите во алтернативните извори на енергија, која поскапува, поради растот на капиталните расходи за осигурување на дејноста на компаниите, поради што вложувањата во овој сектор се непривлечни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град