Меркел го критикува папата Бенедикт

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика папата Бенедикт XVI јасно да каже дека Ватикан не дозволува никакво негирање на холокаустот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Angela Merkel
Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика папата Бенедикт XVI јасно да каже дека Ватикан не дозволува никакво негирање на холокаустот.

Овој е нејзин прв, невообичаено остар, одговор на одлуката на Папата да рехабилитира четворица католички бискупи, од кои еден го негира постоењето на холокаустот.

Меркел, ќерка на протестантски свештеник, рече дека обично не ги коментира внатрешните работи на Црквата.

„Меѓутоа, друго е кога зборуваме за фундаменталните прашања“, рече Меркел.

Angela Merkel„Мислам дека е фундаментално прашање ако – поради одлуката на Ватикан се создаде впечаток дека холокаустот може да се негира“, рече канцеларката. „Папата и Ватикан мораат многу јасно да кажат дека холокаустот не може да се негира и со јудаизмот мора да одржуваат позитивни односи“, додаде Меркел.

Папата е мета на критики, откако го укина од изопштувањето на бискупот Ричард Вилијамсон, кој негира дека евреите се убивани во нацистичките гасни комори.

Портпаролот на Ватикан, отецот Федерико Ломбарди во изјава рече дека позицијата на германскиот папа околу холокаустот „не може да биде појасна“.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top