Чешка, претседавач со Европската унија (ЕУ), ќе се насочи кон решавање на глобалната економска криза, најави синоќа чешкиот премиер Мирек Тополанек.
Чешка, претседавач со Европската унија (ЕУ), ќе се насочи кон решавање на глобалната економска криза, најави синоќа чешкиот премиер Мирек Тополанек.
Според него, од “животно значење“ за ЕУ е во март, да ги преточи во пракса конкретните решенија за кризата што државите-членки ги усвоија во декември.
Тополанек, по заседанието на чешката Влада, изјави дека Самитот на ЕУ на 19 и 20 март, би требало да договори и нови мерки што заеднички би ги преземале државите на ЕУ за да ја надминат кризата.
Тие веќе договорија финансиска инјекција за европската економија во висина од 200 милијарди евра.
Тополанек рече дека ЕУ ќе мора да се насочи и кон решавање на прашањето за задолжување на државите, бидејќи задолжувањето ги оневозможува владите поефикасно да и помогнат на економијата.
“Големите држави имаат подобар пристап кон кредитите од помалите и средни држави, без разлика на тоа во каква состојба се“, предупреди Тополанек на дискриминацијата во ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град