Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа
Пријатно е чувството да се добие награда, а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со своето специфично и препознатливо сликарство Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста. Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески.
„ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е жив и секогаш е со нас и околу нас. За оваа награда благодарност кон општината која ми го додели овој ценет дар и чусвствувам дека сите сме заедно со светецот Климент.“, рече Манасијески
Среќен сум што ја претставувам нашата земја и градот во светот. Преку сликите се трудам да ги споделам нашата добрина, гостопримство , таква е нашата македонска душа, вели Манасијески. За мене сликарството е спонтана и сериозна работа, додава Манасијески.
„ Но јас гледам посебна сериозност нема тука калкулатувни примеси.Тоа значи да не бидам допадлив, илустративен , да не се наметнам со моите чувства, да не сум премногу влијателен , да не речам ова е најубавото. Сликата треба да е спонтана со сериозен пристап, но да не излеземе од рамките на љубовта,“ вели Манасијески.
Од неговите слики извира позитивна енергија, а тоа е така затоа што го сака светот, а посебно децата. Покрај сликарството Мансијески работи и стрипови за деца, за кои вели дека се огледало, нашата иднина. Тие бараат позитивност, а од нас очекуваат да ги отвориме нашите срца, затоа се трудам да бидам позитивен, вели Манасијески. Сликарот упатува голема благодарност и до неговиот пријател Љупчо Жупан, од галеријата Букефал, за кој ќе рече дека несебично и самопрегорно придонесе неговото творештво да го претстави во светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град