Реал Мадрид го менува кралскиот грб на клубот

Тригодишниот договор причина за отстранување на крстот од грбот

 |  инфодеск  | 

Реал Мадрид потпиша вносен, тригодишен договор со Националната банка на Абу Даби поради што се одлучи на промена на кралскиот грб кој ќе се прикажува во муслиманските земји.

Мадриѓаните од грбот ќе го тргнат крстот кој се наоѓа на кралската круна за да не ги навредат муслиманските верници. Промената на грбот се однесува само на подрачјето на Блискиот исток, додека во Европа на врвот од амблемот и понатаму ќе се наоѓа крстот на круната.

Дека Реал Мадрид веќе го исфрли крстот е видливо на фотографиите на потпишувањето на договорот помеѓу клубот и Националната банка на Абу Даби.

“Нашите врски со Обединетите Арапски Емирати  се зајакнуваат и знам дека бројните навивачи секој наш натпревар го доживуваат на посебен начин. Овој договор ќе нѝ помогне и понатаму да ги освојуваме срцата на нашите следбеници во ОАЕ”, рекол претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој се одлучил на овој компромис.

Реал Мадрид е основан во 1902 година, а од 1920 година го носи кралскиот грб на кој има круна со крст. Во 1930 година крстот е отстранет, но во 1941 е вратен и таму се наоѓа до ден денес. Но, сега и тоа ќе се смени, барем во Емиратите…

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top