Хамилтон со победа во Абу Даби ја освои титулата

Луис Хамилтон е новиот светски првак во формула 1

 |  инфодеск  | 

Во последната трка сезонава, на Големата награда на Абу Даби, победи Луис Хамилтон и ја освои титулата светски првак, по втор пат во кариерата. Првиот наслов го освои во 2008 година возејќи за Мекларен.

Хамилтон (29) до втората титула светски првак дојде на уверлив начин пред единствениот конкурент, тимскиот колега, Нико Розберг, со 11 победи од 19 трки. Германецот Розберг трката ја заврши на 14-то место поради проблеми со моторот.

Пред последната трка Хамилтон имаше 17 поени повеќе од Розберг, кој беше најбрз во квалификациите.

Во Абу Даби второто место му припадна на Бразилецот Фелипе Маса, а трет Финецот Валтери Ботас, двајцата возачи на Вилијамс.

Конечен поредок на возачи:

1.Хамилтон 384 поени

2.Розберг 317

3.Рикардо 238

4.Ботас 186

5.Фетел 167

Конечен поредок на конструктори:

1.Мерцедес 651 поени

2.Ред Бул 373

3.Вилијамс 254

4.Ферари 210

5.Мекларен 161

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top