Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно.
Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик. Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика.
Во последните месеци имаше премногу пациенти и работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со неоправдани снимања на томографот, нагласува д-р Маленко.
„ За жал наодите се позитивни па не би се изјаснувала во проценти за точна бројка, но за жал многу чести се наодите за малигни заболувања на скоро сит е пацеинти кои доаѓаат на снимање. Ги снимаме сите системи, глава, бели дробови, кичма, скелет, за жал бројката на малигни заболувања е се поголема.“
Она што загрижува е што при прегледите на томографот има се помлади луѓе. Последниот пациент кај кој било констатирано малигно заболување било 16 годишно момче.
„ Се потешкиот животен стил, за еден човек да живее здраво, не е само исхраната важна туку и животот без стрес. За жал, се поретко ги имаме и границите на малигните заболувања кои се поместуваат се подолу и подолу.“
Д-р Маленко која до неодамна ги вршеш прегледите сама сега има засилување од уште една колешка специјалист радиолог. С епочесто има и технички грешки во закажувањето на прегелдите па се надева дека одговорните во службите за закажување на Мој термин ќе внимаваат повеќе и нема да ги преклопуваат закажните прегледи .
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град