По осумнаесет години брак, Барселона би можела да ја прекине соработката со Nike, познатата американска компанија за спортска опрема.
Барселона ја започна соработката со Nike во 1998 година кога Kappa отиде во историјата, а тоа може да му се случи и на Nike во 2018 година до кога трае моменталниот договор. Како што пишуваат каталонските медиуми, Барселона најверојатно во 2016 година ќе премине во редовите на германскиот Adidas, чии дресови ги носи нивниот најголем ривал, Реал Мадрид. Adidas будно ги следи напнатите односи помеѓу Nike и Барселона и ја чека својата шанса да влезе на местото на американската компанија.
Секако, овде станува збор за пари. Барселона не е задоволна со моменталната висина на договорот со Nike и сака зголемување, а Американците не се баш среќни со такви услови. Adidas во своето јато неодамна го зема Манчестер Јунајтед и Јувентус нудејќи поголеми договори од Nike.
Nike моментално и плаќа на Барселона 30 милиони евра годишно, додека Adidas склопи договор со Манчестер Јунајтед на десет години за фантастични 940 милиони евра, значи 94 милиони годишно. Втор кандидат на Барселона е Puma, но се чини дека Adidas нема да ја пропушти оваа прилика да приврзе покрај себе уште еден гигант и така да ја потврди доминацијата во светот на фудбалот, бидејќи оној што ги има Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед, Челзи, Милан и Ајакс, со право може да каже дека го собрал шлагот на европскиот пазар.
Една варијанта се чини возможна и лесна за реализација. Ако Nike ја загуби Барселона ќе мора да побара клуб со слична тежина. Чест секому, но единствен клуб со кој Американците би биле задоволни е токму најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид кој и официјално е најдобар клуб во 20 век и спрема многу параметри најголем на сите времиња.
Не е невозможно Nike и Adidas да ги заменат местата а тоа би била историска размена на големите ривали. Иако Реал го продолжи договорот со Adidas до 2020 година за 39 милиони евра годишно, нема договор кој не може да се раскине ако се поклопат интересите. Тешко можат Реал и Барселона да го истрпат тоа што Манчестер Јунајтед заработува три пати повеќе на носење дресови, а така и започна лавината, со овој договор на црвените ѓаволи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град