Нов терористички видеоклип

Германската полиција проучува нов исламистички видеоклип на Интернет, што соддржи закани за терористички напади во Германија.

 |  Крсте Голабовски  | 
zakana
закана

Германската полиција проучува нов исламистички видеоклип на Интернет, што соддржи закани за терористички напади во Германија.
Видеоматеријалот веројатно е изготвен пред околу една недела од Сојузот за исламски џихад – малку позната група од Пакистан и Авганистан.

На клипот се гледаат шестмина маскирани мажи, кои говорат на различни јазици, а  последниот од нив и на германски јазик. Тој порачува: „Оваа година имаме подготвени некои изненадувачки пратки за окупациските сили, така што сојузниците на окупациските сили треба постојано да се во очекување на нашите напади“.

zakana IslamОд раководството на федералната полиција на Германија во Висбаден потврдија дека го проучуваат видеоклипот, додавајќи дека во него се споменува името на канцеларот Ангела Меркел.
Пред две недели германските органи за безбедност на Интернет открија друг сличен видеоматеријал. На него беше маж што задскриен говореше на германски јазик, а потоа беше идентификуван од властите како Мароканец со германски пасош, кој добил образование во исламистичка гимназија во регионот на Бон, потсетуваат агенциите.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top