Охриѓани и стружани сакаат да се поврзат со бродска линија

Охриѓани и стружани сакаат да се поврзат со бродска линија.

 |  Валентина Неловска  | 
бродови
бродови

Локалната самоуправа од Струга подготвила документација за изградба на пристанишtе. Идејата да се воведе бродска линија Охрид – Струга не е нова ни неостварлива. Капетан Горан Устијаноски од охридската капетанија на пристаништа информира дека е изготвен акционен план за изградба на пристаниште во Струга како задолжение од Владата. Од министерството за транспорт и врски посочуваат дека сега на потег е локалната самоуправа во Струга. Но, градоначалникот Зијадин Села, вели Струга има неколку локации каде што може да доаѓаат и поаѓаат пловни објекти. Потврдува дека  имаат изработено документација, но негова заложба е Струга да добие генерален урбанзитички план кој во моментов недостасува, кажува  градоначалникот Зијадин Села.
Struga
„ Ние имаме подготвена документација, со Детален урбанистички план локацијата за пристаништето ја определивме кај хотел Дрим. Тука се блиску и градските плажи и центарот на градот,  за граѓните и туристите поленсо да пристигаат и поаѓаат. Ние имаме иницијатива , но јавноста треба да знае дека последниот збор за сите планови го имаат Министерствата, “ напоменува Села.

Се повеќе туристичките работници и граѓаните бараат да се воспостави  воден сообраќај меѓу двата града. Стружанецот Абас Цаноски памети кога во средината на 50 -ите и почетокот на 60 -тите години единствен превоз помеѓу Охрид и Струга бил бродскиот превоз. Цаноски раскажува дека пристаништето било кај истекот на реката Дрим. Посакува да се обнови бродското поврзување помеѓу крај двата езерски градови.
brodovi

„Бродот е и патување и туристичка атракција  за Струга и Охрид. Тоа е културна и туристичка атракција. Би требало да има денски линија барем два пати во денот. Луѓе ќе има иако има такси и е подалеку,  преку езерото е  поубаво патувањето“, вели Цаноски.

На струшкото крајбрежје, во моментов, постојат и уште неколку други пристаништа,  но надвор од центарот на градот, кај автокампот Ас, Калишта и Радожда.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top