Повеќекратниот светски првак ги изгубил нервите

Лекарите со прогнози за мали шанси за опоравување на Бјанки

 |  инфодеск  | 

Несреќниот Француз, возачот на формула 1 Жил Бјанки, кој во неделата на Големата награда за Јапонија во Сузука доживеа тешка несреќа, има минимални шанси за потполно опоравување, тврдат лекарите.

Возачот веќе трет ден се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Јокачи со тешки повреди на мозокот.

“Жил и понатаму е на одделот за интензивна нега. Неговите повреди на главата се тешки а состојбата критична, но стабилна. Вработените во болницата се трудат максимално и овде има надобра можна нега, и затоа ние сме многу благодарни за тоа што го прват за Жил”, објавила фамилијата на несреќниот возач кој во неделата со брзина од 203 км. на час удри во возило кран кое креваше друг оштетен болид од патеката.

За оваа несреќа се огласи и повеќекратниот светски првак во Ф1, Французинот Ален Прост. “Излегувањето на кранот на патеката и притоа да не излезе сигурносното возило е потполно неприфатливо. Раководството на трката направи голема грешка која не смее никогаш да се повтори”, изјавил огорчениот Прост.

Иако сите се надеваат дека 25 годишниот Бјанки ќе се опорави, експертите за вакви видови на повреди тврдат дека шансите за потполно опоравување се мали. Со јапонските лекари, за лечењето на Бјанки се грижат и Жерар Сејлан, кој минатата година го лечеше Михаел Шумахер, и Алесандро Фрати, неврохирург од универзитетската болница во Рим. Обајцата се со мислење дека јапонските лекари направиле сѐ што можеле за да го спасат животот на Бјанки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top