Во Охрид одбележени 1000 години од смртта на Цар Самоил.
Во Охрид беше одбележана 1000 годишнината од смртта на Цар Самоил. Со свечен чин на Самоиловата тврдина беше одбележан овој датум, а на кој присуствуваа ученици, професори, советници . Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше пригодно обраќање за Цар Самоил основоположникот на македонското средновековно царство. Тврдината е еден од најзначајните културно-историски споменици на градот Охрид и своевидна туристичка атракција на градот, кој влегува во рамките на сите симболи како што се грбот и знамето на Охрид, на кои охриѓани се особено горди, рече Бакрачески.
„ Денес е ден со кој охриѓани и граѓаните на Македонија треба да се гордеат и да не потсетуваат на средновековното минато и денот кој потсетува на нашите корени. Мудреците рекле не може да се гради иднина доколку не се познава своето минато.“
Покрај историскиот час за значењето на Цар Самоил, беше присутна и филмската екипа која ќе подготвува филм на оваа тема. Режисер на филмот е Антонио Митриќески , а продуцент е Дејан Милошески. Митриќески најавува дека подготовките се започнати, а ќе играат голем број македонски актери. Во филмот ќе навлеземе во неговиот приватен живот и на членовите од неговото семејство, ќерките и синовите, открива Митриќески.
„ Филмот ќе биде главна драма меѓу два цареви, Василиј II , еден од најјаките византиски василиевци и царот Самиол кој се бори против него и го формира првото македонско царство. Цар Самоил имал фамилија со кој имал многу проблеми, предавства, дворски интриги кои ќе бидат опфатени во филмот. Василиј II немал семејство и бил оддаден на правење на визaнтиската држава во тоа време. Во филмот за Цар Самиол ќе бидат опфатени сите внатрешните игри и конфликти“, кажа Митриќески.
Режисерот Митриќески најавува дека сцени од филмот ќе бидат снимени на Самоиловата тврдина, на планината Галичица и околината на Охридското и Преспанското езеро. Филмот ќе биде снимен во соработка со неколку странски филмски копродукции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град