Бјанки опериран и се бори за живот

“Врескав преку радиото да ја стопираат трката”

 |  инфодеск  | 

Автомото светот е во шок, а возачите лути поради тешката несреќа која се случи на трката во формула 1 во Јапонија.

На големата награда на Јапонија се случи тешка несреќа откако возачот на Маруси, Жил Бјанки, се бори за живот. Итно е опериран, а потврдено е дека операцијата на главата поминала добро и несреќниот Француз е тргнат од респираторите и е преместен на одделот за интензивна нега.

Бјанки итно е префрлен во болница откако се заби во мобилна дигалка која се наоѓаше покрај патеката. Несреќниот Француз имаше пех бидејќи пред неговото излетување во заштитната ограда се заби Адриан Сутил. Организаторите ја повикаа авто-дигалката во која на истата кривина излета болидот на Бјанки. Поради тоа трката беше прекината.

Фелипе Маса упати жестоки критики кон организаторите на Големата награда на Јапонија.

“Пет кругови пред несреќата врескав преку радиото да ја стопираат трката. Почуствував дека патекта е во вода, но кога ја стопираа трката беше прекасно”, изјавил Бразилецот.

Поранешниот возач на Ф1, Финецот Мика Сало, потврдил дека Бјанки е во критична состојба.

“Сведоците рекоа дека неговата кацига била целосно уништена. Добил тежок удар во главата”, објаснил Сало.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top