Роналдо лут поради повредата

Има отворена рана и не знае колку е сериозна повредата

 |  инфодеск  | 

Бугарскиот првак, Лудогорец, за малку ќе земеше еден бод против големиот Реал од Мадрид. По поразот од Реал Мадрид играчите на бугарскиот Лудогорец се жалеле на шкотскиот судија, Крег Томпсон, кој досуди два пенала за гостите, додека Кристијано Роналдо оценил дека домаќините биле премногу груби.

“Имаше многу удари и грубости, како да игравме рагби. Пред крајот на натпреварот добив силен удар, и тоа беше многу грдо. Имам отворена рана и допрва ќе видам колку е таа повреда сериозна”, рекол Роналдо за шпанските медиуми.

Лудогорец поведе во 6 минута со голот на Марселињо, а Реал во 10 минута можеше да изедначи, но Кристиано Роналдо промаши пенал. Сепак 16 минути подоцна Роналдо повторно од пенал го совлада Владислав Стојанов. Реал до победата дојде со голот на Карим Бензема во 77 минута од натпреварот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top