Барак Обама веќе три дена е во Белата куќа и досега исполнил седум од над 500 свои предизборни ветувања, покажа пребројувањето на најновиот електронски инструмент „Обаметар“.
Барак Обама веќе три дена е во Белата куќа и досега исполнил седум од над 500 свои предизборни ветувања, покажа пребројувањето на најновиот електронски инструмент „Обаметар“.
„Обаметар“ им е даден на располагање на корисниците на Интернет од весникот “Сент Питерсбург тајмс“ во државата Флорида, на адресата politfact.com/truth-o-meter.promises
Во него се содржат над 500 ветувања, дадени од Обама, и програмата проверува дали тие се проследени од некакви дејствија.
Три дена по полагањето на претседателската заклетва, сајтот покажа седум исполнети предизборни ветувања, меѓу кои е ветувањето за јавност на активностите на претседателот, назначувањето на уште еден републиканец во Владата и забраната за добивање подароци од лоби групи.
Едно од предизборните ветувања е „во исчекување“ и може да премине во категоријата „пропуштени“: ветувањето за доделување даночен кредит од 3.000 долари на претпријатијата што најмуваат нови вработени. Предлогот, меѓутоа, не е вклучен во планот за стимулирање на економијата, разгледан од Конгресот.
Четиринаесет ветувања се „во тек“”, а 488 „не се разгледуваат“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град