Ирачкиот новинар Мунтадар ал-Заиди, кој со чевли го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш бара азил во Швајцарија.
Ирачкиот новинар Мунтадар ал-Заиди, кој со чевли го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш бара азил во Швајцарија.
Заиди, кој во затвор во Багдад чека почеток на судењето, се плаши за својата безбедност, пишува весникот цитирајќи го неговиот адвокат. Од моментот на апсењето тој повеќе пати е претепуван, има скршена рака и ребра и внатрешни крварења, изјави минатиот месец за Би-Би-Си неговиот брат Дархам.
Адвокатот Погија рекол дека го конактирало семејството на Заиди кое испратило писмо до швајцарското Министерство за надворешни работи и побарало помош Заиди да добие политички азил во таа земја.
„Иако голем број Ирачани го поддржуваат тоа што го направи, тој зависи од милоста на различни екстремисти, рекол Погија и додал дека „животот во татковината би можел да му стане пекол“.
„За разлика од тоа, во Женева овој самец без деца би можел да работи како новинар во Обединетите нации, изјавил адвокатот за „Трибјун де Женев“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град