Голема шлаканица за Реал Мадрид и Флорентино Перез

Запрен милиниумскиот проект на кралевите

 |  инфодеск  | 

Голем шок му приреди врховниот суд на градот Мадрид на Реал Мадрид и неговиот претседател Перез со одлуката со која се стопира обновувањето и надоградбата на Сантијаго Бернабеу во вредност од 400 милиони евра, која на почетокот на годината помпезно ја најави Перез.

Имено, судот одлучил да се стопира имплементацијата на новиот урбанистички план на градот Мадрид со кој беше предвидена реконструкција на стадионот на Реал.

Причината е тоа што Реал се наоѓа под истрага на Европската комисија поради наводна илегална помош која ја давал на градските структури, односно извршена е замена на земјиште на Реал и градот Мадрид спрема договор од 1996 година.

Еколошките организации исто така се жалеле на реконструкцијата на стадионот со кој еден дел со своите приклучни објекти, нов луксузен хотел и деловни простории, се проширил на јавна површина.

Реал бил предупреден дека за време на последната реконструкција во почетокот на 90-тите не го исполнил договорот во кој требало да изгради подземен приод до стадионот и додатни гаражи.

Реал сега има десет дена да вложи жалба до Врховниот суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top