Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, создава нов “Галактикос” и сака по секоја цена да застане веднаш до Сантијаго Бернабеу…
Џејмс Родригез е новата десетка на Реал Мадрид. Договорот сеуште не е потпишан, но Колумбиецот е во Мадрид, а дресовите се веќе во продажба. Следниот пик на Перез е Радамел Фалкао, сонародникот на Родригез и соиграч од Монако. А кога Перез нешто ќе науми, обично го отстварува. Еднаш веќе има составено “Галактикос” и знае како тоа да го направи.
Еднаш со Роналдо, Зидан, Фиго, Раул. Бекам, Касиљас и Карлос, а сега со Роналдо, Џејмс, Бејл, Фалкао, Крос, Бензема, ДиМариа, Навас…
Иако терминот “Галактикос”, политика на доведување барем една ѕвезда годишно, наголемо се проширила во 2000 година со доаѓањето на Перез на чело на Реал. А најуспешен претседател во историјата на Реал со терминот “Галактикос” бил Сантијаго Бернабеу, кои во тие години ги имал во тимот Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш, Рејмонд Копа, Хозе Сантамарија и Франциско Генто, а со нив владееше во Шпанија и Европа освојувајќи 5 последоватлни титули првак на Европа, од 1956 до 1960 година.
Во 2000 година се случи нешто неверојатно, Лоренцо Санц, претседателот кој на Реал му донесе две многу важни титули и со тоа го разби проклетството кое траеше 30 години, ги загуби изборитеод Перез. Перез го превзеде Реал оптеретен со финансиски афери и долгови, но ветувањето дека ќе го доведе Фиго од Барселона го отствари. Фиго дојде на Бернабеу и започна ерата на “Галактикос” кој врвот го достигна во 2003 година кога во иста екипа се најдоа горе наброените играчи.
Од 2000 до 2006 Реал под претседателот Перез освои една Лига на шампиони и две првенства. Тоа е прилично скромен резултат со оглед на имињата и вложените средства, се работеше за стотици милиони евра. Во тој период се одигра и една од најконтроверзните финансиски трансакции во историјата на шпанскиот и европскиот фудбал. Реал излезе, барем со голем дел, од големите долгови со продавање на стар тренинг центар за околу 500 милиони евра. Изби голема политичка афера која не е решена и до ден денес. На крај истрагата за овој случај го превзеде Европската комисија.
По абдикацијата во 2006, по лошите резултати, Перез повторно се враќа на тронот во Реал во 2009 година, и веднаш започнал со нова ера на “Галактикос” и опсесивниот лов по “Децима”. Во првиот налет се доведени Кристиано Роналдо и Кака, подоцна и тренерската ѕвезда Мурињо, но резултатите изостанаа, освоија само едно првенство во 2012 година.
Перез продолжи со огромните вложувања па десеттата титула првак на Европа конечно е запишана под тренерска палка на Карло Анчелоти. Перез очигледно нема намера да застане. Не само што продолжува со вложувања туку и ги зголемува до несфатливи размери. По Крос, Навас и Родригез, сака да го доведе и Фалкао. Перез сака да застане рамо до рамо со Бернабеу и не прашува за цена тоа да го отствари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град