Германците се вратија дома

Половина милион луѓе на дочекот на шампионите

 |  инфодеск  | 

Фудбалските репрезентативци на Германија се вратија во својата земја од Бразил, каде ја освоија својата четврта титула Светски првак.

Фудбалерите слетаа на аеродромот Тегел околу 10 часот, а неколку стотици луѓе ги поздравиле на самата писта, кои ги предводел капитенот Филип Лам кој со пехарот прв излегол од авионот.

Играчите потоа во отворен автобус ќе одат до Брандебуршката капија, пред која се собрале повеќе стотици илјади граѓани, облечени во црна, црвена и златна боја.

“Ова беше прекрасно Светско првенство. Факт е дека успеавме да се наградиме со титула, што натпреварувањето го направи уште поубаво”, по слетувањето рекол, играчот за врска на германскиот национален тим, Тони Крос.

Како што наведуваат германските медиуми, се очекува репрезентативците на Германија да ги поздрават повеќе од половина милион луѓе во Берлин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top