Јунак на вчерашната победа, од 1-0 на Германија над Аргентина, стрелецот на единствениот гол на средбата, беше Mario Gotze, кој на Германија и ја донесе четвртата титула светски првак.
Германскиот селектор Joachim Low во игра го внесе во 88 минута од натпреварот, а Gotze му се оддолжи со прекрасен гол длабоко во продолжението, во 113 минута.
“Му реков на Mario Getze да му покаже на светот дека е подобар од Messi и да го одлучи натпреварот. Тоа му го реков и имав претчуство дека тоа ќе се случи. Gotze е чудесно момче. Може да игра на било која позиција и секогаш знам дека може да одлучи натпревар и да даде пресуден гол како денес”, рекол Low кој ја превзеде германската репрезентација во 2006 година.
Low верува дека германската титула е кулминација на константно поправање во играта. На трите последни мундијали Германците испаѓаа од подоцна станатите светски прваци, но овој пат тие беа тие што издржаа до крај.
“Го започнавме овој проект, заедно со Jurgen Klinsmann, пред 10 години и ова е резултат на повеќегодишна работа. Сите овие години напредувавме и се подобрувавме константно, се додека не го направивме ова што моравме. Ако постои некоја екипа која ова го заслужува тогаш тоа се овие момци. Момци како Mertesacker, Podolski, Schweinsteiger. Lahm и Klose. Духот на екипата беше неверојатен, имаа неверојатна сила и затоа успеавме”.
“Играчите дадоа се од себе, со Schweinsteiger како лидер и Lham кој може да трча бесконечно. Им реков дека мора да дадат повеќе од секогаш за да го направат она што не го направиле никогаш, а тоа е освојување на Светското првенство. Ние сме првата европска екипа која освоила титула во Латинска Америка и тоа не чини горди. Оваа радост и задоволство ќе остане засекогаш”, заклучил селекторот Low.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град