Спрема извештаите на повеќе аргентински медиуми, за 26 годишниот крилен напаѓач Angel Di Maria веројатно е завршено Светското првенство.
Повредата на Angel Di Maria сепак не била така безопасна и би можел да го пропушти остатокот од Светското првенство, што би било силен удар за репрезентацијата на Аргентина.
Спрема првите знаци, станува збор за руптура на мускулот, но никој во репрезентацијата на Аргентина не сака тоа да го потврди и се чека ултразвукот и магнетната резонанца. Но, се чини дека само ја одложуваат потврдата на тоа, бидејќи јасно беше уште кога излезе од игра во 33 минута во средбата со Белгија , дека тоа не е воопшто добро.
За натпреварот со Холандија во полуфиналето секако дека за гледачите ќе биде подобро овој Аргентинец да игра, но јасно е дека кај Холанѓаните има мало опуштање, бидејќи јасно е дека Di Maria е првото име, покрај Messi, на Аргентина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град