Веројатно сите приметивме дека досега на Светското првенство неочекувано отпаѓаат фантастични европски екипи како Италија, Шпанија, Англија, Португалија…од кои се очекуваше можеби да стигнат до ½ финале. Дали причината е тешкото прилагодување на јужноамериканската клима, арогантноста, неквалитетот или нешто сосема друго, можеме само да нагаѓаме, но еден е фактот а тоа е дека на овој Мундијал доминираат Јужноамериканците.
Токму првиот ден од 1/8 финалето ќе гледаме јужноамерикански огномет. Во сабота на сцена стапуваат најсилните јужноамерикански репрезентации, Бразил, Чиле, Колумбија и Уругвај. Први, во 18 часот во Бело Хоризонте, ќе се сретнат Бразил и Чиле, идниот домаќин на Копа Америка 2015 година.
Истиот ден, 4 часа подоцна, ќе играат Колубија и Уругвај. Две репрезентации кои се во различни расположенија пред натпреварот. Наместо Уругвајците да се на крилата на победата против Италија и да летаат од самодоверба, Луис Суарез се потруди сето тоа да го уништи со новиот вампирски напад во стил на двегодишно дете. Неговата казна сигурно ја разниша атмосферата во репрезенатцијата, додека на другата страна ги чека репрезентација која во моментов можеби игра најубав фудбал на Светското првенство, Колумбија.
Во недела стартува репрезентацијата која не знае за кикс на ова СП, Холандија против Мексико, кои добро ја раздрмаа репрезентацијата на Хрватска. Вториот пар во недела се изненадувањата на ова СП, Костарика против Грција. Овие две репрезентации никој не ги очекуваше во 1/8 финале, но сега секоја од нив ја бара шансата и веруваат дека се способни да поминат во ¼ финале и не би изненадиле никого, било која од овие две, да поминат понатаму.
Идната недела ја отвораме со натпреварот Франција – Нигерија, а понеделник ќе го заклучиме со Германија – Алжир.
Во вторник во 18 часот се среќаваат Аргентина – Швајцарија, каде Швајцарците бараат своја прилика да ја искористат играта на Аргентина која никого не воодушеви на ова СП. Осмина финалето ќе го затворат истиот ден Белгија и САД. Натпревар каде е можен секаков исход, но младите Белгијанци сепак се фаворити поради своите вонсериски играчи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град