Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев

Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ „Методи Патчев“.

 |  Валентина Неловска  | 
МП
МП

Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев.  Околу 50тина учесници  во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска  упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев.  За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да  земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.
МП
„ Поддршка добив од целиот колектив. Се вклучивме сите професорите и дел од учениците. Поранешни професори, пензионирани колеги го оформивме оркестарот. 4 месеци интензивно работевме и вежбавме. Хорот го оформивме со сите љубители на музиката  кои биле ученици во основното музичко училиште. Може да кажам дека првата проба беше и како вечерашниот концерт, професионалци благодарејќи на сите ментори кои не научија“, истакна Момироска.
    
Поранешни и сегашни професори и ученици, за љубителите на класичната музика,  приредија концерт за паметење.  Исполнија музички теми како  „Speak softly love“ од насловната тема на филмот Кум, Унгарскиот танц од Брамс, Хабанера од Кармен на Бизе,  Бриндиси арија од Травијата на Верди. Со изведбата од музичката програма музичарите  потврдија дека градот заслужува да има  средно музичко училиште.

„Токму така Охрид заслужува средно музичко училиште бидејќи многу талентирани ученици од разни прични меѓу кои и финансиските не продолжуваат понатка. Но вечерва беше моја идеја да промовираме нова идеја да формираме и градски оркестар кој би учествувал и на фестивалот Охридско лето, а чувството  да се свири е прекрасно.“

На концеротот присуствуваа голем број љубители на музиката, професори од училиштето претставници од Локалната самоуправа. Меѓу гостите беше и охридскиот градоначалник  Никола Бакрачески, кој на вработените им го честиташе јубилејот и при тоа ја изнесе својата заложба.
концерт
„Јас како одговорен граѓанин и како градоначалник,  со помош на владата, ќе сторам се Охрид да добие средно музичко училиште затоа што Вие тоа го заслужувате“, вети Бакрачески.

ОУ „Методи Патче“  е формирано во далечната 1963 година, а почнало со работа во февруари 1964 година. Во текот на изминатите 5 децении тука се едуцирале бројни генерации ученици , а за нивната музичка наобразба свој придонес дале голем број музичари од градот. Училиштето започнало со работа со три оддели  клавирски, гудачки и дувачки со 170 ученици, за во учебната 2013/2014 година да се запишат 335 ученици. Во 5 децениоксото постоење училиштето  постигнува значајни успеси , а ученицит е освојуваат бројни награди. ОМУ Методи Патчев едобитник и на високи општествени награди меѓу кои е највиското општинско признание „Св Климент  Охридски“ – Патронот на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top