Администрацијата на новиот американски претседател Барак Обама е подготвена да ја напушти доктрината на Џорџ Буш за изолација на Хамас и да отвори канал за комуникација со исламистичката група.
Администрацијата на новиот американски претседател Барак Обама е подготвена да ја напушти доктрината на Џорџ Буш за изолација на Хамас и да отвори канал за комуникација со исламистичката група.
Потегот да се воспостави контакт со Хамас, кој што може да се иницира преку американските тајни служби, би претставувал дефинитивен прекин со политиката на Буш да се изолира палестинската група.
Стејт департментот ја смета Хамас за терористичка група, а во 2006 Конгресот на САД го забрани финансирањето на групата.
„Гардијан“ разговарал со тројца упатени во разговорите во кампот на Обама. Не станува збор Обама да одобри директни дипломатски преговори со Хамас, претседателот е советуван да иницира контакти во тајност, на пониско ниво. Во Вашингтон, според весникот, расте уверувањето дека политиката на изолација на Хамас е контрапродуктивна.
Американците имаат искуство во ваквите тајни преговори. Во седумдесетите години на минатиот век американските тајни служби контактираа со Палестинската ослободителна организација, а Израел за ова стана свесен многу подоцна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град