Владата на Грција, која вчера претрпи реконструкција, при што четворица досегашни министри беа разрешени, денеска треба да положи заклетва.
Владата на Грција, која вчера претрпи реконструкција, при што четворица досегашни министри беа разрешени, денеска треба да положи заклетва.
Разрешени се министерот за економија и финансии Јоргос Алогоксуфис, за култура Михалис Лапис, за земјоделство Александрос Кондос и за развој Христос Фолас, како и двајца заменици министри Петрос Дукас и Панајотис Хинофотис, а останатите министри ги задржуваат своите ресори.
На своите функции остануваат и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, министерот за одбрана Евангелос Маимаракис и за внатрешни работи Прокопис.
Премиерот Костас Караманлис, кој во парламентот има мнозинство од само еден пратеник повеќе не го смени министерот за внатрешни работи Павлопулос и покрај огромните безредија што ја тресат Грција повеќе од еден месец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град