Голем удар во четвртокот наутро добиле Уругвајците, пред Светското првенство во Бразил. Имено, најдобриот играч на нивната репрезентација, Луис Суарез на тренинг го повредил коленото и ќе мора на операција на менискус.
Иако уругвајските новинари тврдат дека Суарез ќе биде спремен за СП во Бразил, факт е дека рехабилитацијата по операција од менискус трае од 4 до 6 недели, што значи дека Суарез сигурно нема да е спремен за првиот натпревар против Костарика на 14 јуни. Под знак прашање е дали ќе биде спремен и за другите два натпревари од нивната група, против Англија пет дена подоцна и против Италија на 24 јуни.
И дури ако се опорави, дали ќе биде во состојба да биде на висината на задачата која ја бара едно светско првенсто. Се чини дека претстојат тешки денови за Уругвајците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град