Официјално: Покрај Сити и ПСЖ казнети се уште седум клубови

Најголеми казни за Манчестер Сити и ПСЖ

 |  инфодеск  | 

Стигна и службената потврда за казнувањето на девет клубови поради кршење на финансискиот фер-плеј. Најголеми казни заработија Манчестер Сити и ПСЖ, кои се казнети со по 60 милиони евра, а освен парична казна тие во следната сезона на Лига на шампиони не ќе можат да пријават 25 туку 21 фудбалер.

Сите клубови кои се казнети ја прифаќаат казната и нема да се жалат на истата.

Иако двата клуба потпишале на документите на УЕФА и ги прифатиле казните, во образложението од двете страни тврдат дека не се задоволни. Од Сити стигнува порака дека не се сложуваат со интерпретацијата на финансискиот фер-плеј за играчи кои доаѓале пред 2010 година, додека во ПСЖ се разочарани со непрепознавање на катарските вложувања во клубот.

Доколку двата клуба ги исполнат условите кои УЕФА им ги поставила пред нив, ќе им бидат вратени по 40 милиони евра.

Освен овие два гиганта, казнети се уште седум други клубови:

Зенит – 12 милиони евра (22 фудбалери)

Бурсаспор – 200.000 евра

Рубин Казан – 6 милиони евра (21 фудбалер)

Галата Сарај – 200.000 евра

Трабзонспор – 200.000 евра

Анжи – 2 милиона евра (21 фудбалер)

Левски – 200.000 евра

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top