Шумахер ја победи смртта, но…

Михаел се враќа во свет каде се е сменето

 |  инфодеск  | 

Питер Хачисон, професор на универзитетот во Кембриџ, изјавил дека Михаел Шумахер кога ќе излезе потполно од кома, ќе мора повторно да учи некои основни животни функции и дека никогаш повеќе нема да е истата личност.

“Тоа не е како кога ќе се запали светлото и пациентот знае за се што постои околу него. Тој веројатно ќе се врати во свет кој не го познава”, рекол Хачисон.

Хачисон со тоа го потврдил пишувањето на германските медиуми кој ден порано, повикувајќи се на извори блиски на докторите на Универзитетската болница во Гренобл каде Михаел Шумахер се наоѓа од 29 декември, истакнале дека “Шумахер ја добил борбата за живот”.

“Шумахер ја победи смртта. Но и понатаму му претстои борба за живот кој е пред него. Михаел се враќа во свет каде се е сменето. Тој ќе се врати во реалност на која не е навикнат. Михаел Шумахер никогаш повеќе нема да е Михаел Шумахер. Тој мора да пронајде пат и да се избори со новите услови, новите потреби, да ги научи основните вештини. Шумахер ќе мора повторно да учи како да зборува, како да јаде, како да оди. Можеби нема ништо од тоа да оди лесно како што било порано”, пишуваа медиумите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top