Роналдо под знак прашање

Реал оди на Вестфален со предност од 3-0

 |  инфодеск  | 

Карло Анчелоти дува на ладно и сеуште не ја отфрла опцијата на терен да го прати и Кристијано Роналдо иако повторно се пожалил на повреда во коленото.

„Роналдо чувствува дека е спремен 100%, и уверени сме дека ќе настапи, но сепак со него не е добро да се ризикува“, рекол Анчелоти свесен дека Реал наскоро го очекува нова битка со Барселона во финалето на кралскиот куп.

Реал во последно време одлично игра и без Роналдо, без кој Реал уверливо славеше во Сан Себастијан, во последното коло на Премиера, па прашање е дали Португалецот е подобро да не игра во Дортмунд. Ако Сепак Роналдо не игра тогаш Анчелоти во игра ќе го уфрли Иско.

Во Борусија Дортмунд по суспензијата се враќа Роберт Левандовски, кој минатата сезона ги потопи кралевите во Дортмунд со четири погодоци, а кога е тој заедно со Марко Ројс тогаш црно-жолтите се сосема друга екипа. Во Мадрид добро се виде колку недостасува Левандовски.

Веројатни состави:

Борусија Дортмунд – Вајденфелер, Пишчек, Сократис, Хумелс, Дурм, Јојиќ, Сахин, Гроскројц, Мктирјан, Ројс, Левандовски.

Реал Мадрид – Касиљас, Карвахал, Пепе, Рамос, Коентрао, Модриќ, Алонсо, Ди Мариа, Бејл, Бензема, Роналдо (Иско).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top