Сер Алекс Фергусон со нова работа

Легендарниот менаџер ја прифатил понудата

 |  инфодеск  | 

Најуспешниот британски менаџер во историјата ја прифатил понудата од универзитетот Харвард, и  од следниот месец ќе држи редовни предавања на идни менаџери од целиот свет. Тој пред помалку од една година на одделот за бизнис на универзитетот во Харвард им ги дал на увид своите тајни на својата менаџерска кариера. 72 годишниот експерт, кој се повлече минатото лето по 26 годишно водење на Манчестер Јунајтед, ќе започне со нова работа во склоп на програмата “Забава, медиуми и спорт како работа”.

“Пресреќен сум што имам прилика и привилегија да го дадам својот придонес во ваков престижен центар. Времето кое го поминав на Харвард беше многу стимулативно искуство и се радувам што ќе ја развијам својата врска и активност со студентите, со сите на универзитетот и со пријателите од Харвард”, рекол Фергусон.

Пред две години, професорка на бизнис одделот на Харвард Анита Елберси, го проучила менаџерскиот пристап на Фергусон и ја развила студијата која се викала : “Сер Алекс Фергусон – водење на Манчестер Јунајтед”. Потоа, таа и Фергусон соработувале на анализите на неговите методи, а шкотскиот експерт учествувал во многу нејзини предавања.

“Радосни сме што ќе ни се придружи Сер Алекс во Харвард и ќе го сподели своето неверојатно познавање и ќе придонесе во некои промени во светот”, истакнала Елберси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top