Норвешка донесе закон против макроата

Во Норвешка од 1 јануари во сила влегува нов закон, што забранува купување сексуални услуги како на територијата на цела земја, така и од страна на норвешки граѓани кои се наоѓаат во странство.

 |  Крсте Голабовски  | 
prostitutka
проститутка

Во Норвешка од 1 јануари во сила влегува нов закон, што забранува купување сексуални услуги како на територијата на цела земја, така и од страна на норвешки граѓани кои се наоѓаат во странство.

Законот нема да ги гони проститутките, туку подведувачите на жените.
Прекршителите на законот ризикуваат парична казна или затвор од шест месеци, или и двете заедно.

prostitutkaВо случаи во кои се замешани малолетни деца или постојат отежителни околности за сторителот, казната може да биде дури и построга.
Според некои критичари, законот ќе ги принуди проститутките да преминат во илегала и ќе ги изложи на поголем ризик, бидејќи ги принудува клиентите да ги бараат по ноќните локали и пред хотелите.

„И покрај ова, браншата ја поздрави новината“, рече Хилде Солхајм од Сојузот на норвешки
претпријатија за трговија и услуги за електронското издание на весникот “Афтенпостен”.
Таа дополни дека ноќните локали се исправени пред некои предизвици, затоа што ќе треба да постигнат баланс меѓу спречувањето на проституцијата и недискриминацијата на невините.
Во 2008 година во Норвешка со проституција се занимавале околу 3.000 лица, а една третина од нив работеле на улица, покажуваат податоците на независниот социолошки институт (ФАФО).

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top