Скандал во Лигата на шампиони

Потикнати од политичката ситуација

 |  инфодеск  | 

Зенит победи со 2-1 во возвратниот натпревар во осмина финалето од Лигата на шампиони, но тоа не беше доволно за да одат понатаму. Борусија славеше во С.Петерсбург со 4-2 и на својот стадион, иако поразени го потврдија пласманот во четвртина финалето.

На синоќешниот натпревар од Лигата на шампиони во Дортмунд, навивачите на Зенит се потрудија да фрлат сенка врз своите фудбалери и на се што се однесува на фудбалот.

Дортмунд вчера вечер го посетиле и руски хулигани. Тие од Зенит се едни од најпознатите, а оваа сезона веќе правеле нереди и вон стадионите на натпреварите од Лигата на шампиони. Во Виена направја хаос во претходното коло, а вчера на општо згрозување на германската и светската јавност, запалија огромно германско знаме, очигледно потикнати од актуелната политичката ситуација во врска со Украина.

Очигледно УЕФА не може да им застане на крајот на Русите. Се сеќаваме на последното европско првенство кога на натпреварот со домаќинот Полска развиорија големо знаме на кое руски војник со нож убива полски војник, a под сликата имаше голем транспарент „ова е Русија“. Во рускиот фудбал царува расизам и хулиганство, но тоа не беше пречка за ФИФА да им ја додели организацијата за Светско првенство во 2018 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top