Уште еден скандал во Барселона

Покрената истрага за уште еден трансфер

 |  инфодеск  | 

Шпанските правосудни органи покренале истрага за уште еден трансфер во Барселона, за сегашен играч на Атлетико Мадрид. Се работи за Давид Виља од Валенсија во Барселона во 2010 година.

Спрема пишувањата во шпанскиот дневник “El Pais”, правосудните органи на Шпанија, ги побарале од La Liga сите документи поврзани за тој трансфер а по повод тужбата од адвокатот на акционерот во Валенсија, Алексис Санчиз.

“Тој договор содржи некои чудни ставки”, изјавил Санчиз, кој тврди дека Виља е платен повеќе од она што е службено објавено.

Како што рекол, спрема зборовите на екс претседателот  на Барселона Хуан Лапорта, каталонскиот клуб платил 50 а не 40 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top