Осум тела се пронајдени меѓу остатоците од опожарената куќа во Калифорнија, која беше запалена од Американец, облечен како Дедо Мраз.
Осум тела се пронајдени меѓу остатоците од опожарената куќа во Калифорнија, која беше запалена од Американец, облечен како Дедо Мраз. Брус Џефри Пардо пред да го подметне пожарот од засега непознати причини отворил оган кон присутните на прославувањето на Божик, а неколку часа подоцна се самоубил.
Трагедијата се случи во Ковина, 37 километри источно од Лос Анџелес, кога 45-годишниот Пардо заминал на празнување на Божик во куќата на родителите на неговата поранешна сопруга. Се претпоставува дека и таа е меѓу загинатите.
Мажот носел два пиштоли и рачно изработена експлозвина направа, која распрскувала запаллива течност.
Телата откриени на местото на настанот се опожарени и е тешко да се идентификуваат.
Се уште не е познато колкумина загинале од огнено оружје, а колкумина во пожарот. Во инцидентот се ранети две деца, но тие се надвор од животна опасност.
Полицијата смета дека станува збор за смеен спор. Пардо и неговата поранешна сопруга неодамна прeживеала мошне тежок развод.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град