Словенечкиот претседател Данило Тирк изјави дека се надева оти спорот меѓу Словенија и Хрватска околу делот во Пиранскиот залив, кој доведе до тоа Љубљана да го блокира продолжувањето на преговорите на Загреб за влез во Европската унија, ќе може да се реши со дипломатија.

„Се надевам дека овој проблем ќе може да се реши со диломатија. Словенија не приговара на тоа што во Хрватска постојат прописи кои имаат своја територијална примена, но треба сосема јасно да се исклучи тие правни акти да се користат во постапките во кои се одлучува во делот за територии за кои сметаме дека се под наш суверенитет“, изјави Тирк.
Според Тирк со поупорна и повешта дипломатија овој проблем би можел да биде решен, но тоа
не се случило и Словенија била принудена да ги заштити своите национални интереси.
„Решенијата кои водат кон напредок секогаш се рационални. На Балканот често пати се истакнува сопствената вистина, а се игнорираат аргументите на другата страна, се користи методот на доведување пред свршен чин. Слушнавме и аргументи дека сега ЕУ ќе ја притисне Словенија. Тоа е заблуда, тоа нема да се случи“, нагласи Тирк.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град