За време на утринската седница на Големото народно собрание на Република Турција дојде до тепачка помеѓу пратениците од главната опозициска Републиканска народна партија и владеачката Партија на правдата и развојот.
За време на утринската седница на Големото народно собрание на Република Турција дојде до тепачка помеѓу пратениците од главната опозициска Републиканска народна партија и владеачката Партија на правдата и развојот.
До конфликтот во турскиот парламент дојде за време на расправата за предлог измените и дополнувањето на законите од областа на образованието, а после жестоката расправа дојде и до физичка пресметка помеѓу неколку пратеници.
Неколкумина од нив се здобија со полесни повреди, а еден пратеник на опозицијата поради крварењео до носот беше пренесен во итната медицинска помош.
Тензијата беше очигледна од самиот почеток на седницата, а кулминираше кога опозиционерите кренаа огледало кон групата пратеници од владеачката партија и министерот за образование и извикаа:
„Еве ви паралелни структури. Ова што го гледате е вашиот одраз, а не некаква паралелна структура. Сите ве има тука“.
После овој потег ситуацијата зовре и пратениците беа сè погласни со критиките, а набрзо после тоа неколку пратеници од двете партии се најдоа во просторот од салата кој ги разделува нивните групи и почнаа со меѓусебни навреди, што потоа ескалираше во тепачка. После ова претседавачот на седницата ја прекина истата и даде пауза.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град