Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга

Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга.

 |  Валентина Неловска  | 
igriorci
igraorci

Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле.  Во организација на овааoro манифестација учествуваа сите ученици  од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно  училиште. 

Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше  дел од  фолклорната група која  изведе сплет  игри од  „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето на овој настан.

„ Учесник сум во орото. Среќен сум што учествувам во ваква манифестација. Среќен сум и што учам во ова школо пред се затоа што е мултиетничко и секоја нација и сите луѓе имаат можност да ја изразат љубовта кон културата.“

 

glumci

Професорката по македонски јазик и литература Билјана Алексова е дел од наставниот кадар кој учествуваше во   подготовките на програмата.  Алексоска за целта на овој  проект кој традиционално се одржува во училиштето  рече.

„ Секоја култура да ги покаже културните цивилациски вредности има недела на турски и албански јазик. Се работи за едно мултикултурно училиште и сите ученици даваат придонес во програмата. “

Учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ помогнале во уредување и на етно македонско катче. Со етно поставката е доловен изгледот на традиционалната македонска куќа, напоменува Алексоска.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top