Се враќаат првите жители во околните градови на Фукушима

Три години по катастрофата во нуклеарката Фукушима, во околните градови се враќаат првите жители.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Три години по катастрофата во нуклеарката Фукушима, во околните градови се враќаат првите жители.

мајка и детеДел од населението од околината на нуклеарката Фукушима наскоро ќе се врати дома прв пат по катастрофата во март 2011. година. Десeтици илјади луѓе тогаш беа евакуирани од подрачјето кое се наоѓа во радиус од 20 километри од оштетената нуклеарка.

Така, некогаш активните градови се претворија во градови на духови.

Сега се очекува на 1. април околу 350 луѓе со дозвола на јапонските власти да се вратат во градот Тамуру. Со тек на време во тоа подрачје би можеле да се вратат вкупно 31.000 луѓе, откако е утврдено дека нивото на радијација повеќе не опасно за здравјето на луѓето.

Според официјалните податоци, околу 138.000 жители од околината на Фукушима се уште живеат во некој вид привремен смештај.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top