Олимпијакос има големи 2-0 за возвратниот натпревар на Олд Трафорд за две недели.
“Ова е најлошиот натпревар кој сме го одиграле во Европа оваа сезона. Не заслуживме ништо повеќе од ова што ни се случи. Изненаден сум, не очекував вакво нешто. Ја превземам целата одговорност за ваква изведба. Мораме да играме подобро. Гледам дека и играчите се погодени со овој пораз”, рекол Дејвид Мојс, кој е на удар на жестоки критики.
“Единствена добра вест во целата приказна е дека има возвратен натпревар. Ќе направиме се што може за да се надокнади овој заостаток. Олд Трафорд видел многу наши големи натпревари, се надевам дека на 19-ти март ќе видат уште еден”, порачал шкотскиот тренер, на кој малкумина му веруваат.
Историјата не е на негова страна. Манчестер Јунајтед последен пат надокнадил два гола разлика во некое европско натпреварување пред 30 години, кога успеал да направи пресврт против Барселона во тогашниот Куп на победниците на куповите.
Но, Мојс повеќе треба да го загрижува очигледното несогласување во соблекувалната. Уште еднаш се потврди несогласувањето помеѓу Ван Перси и Руни и нивната несоработка на теренот. Во Пиреа на пример Ван Перси му додал топка на Руни во сите 90 минути само еднаш, кога се изведуваше почетниот удар, а пак Руни нему два пати во игра и два пати од центарот, кога примија голови.
Робин Ван Перси по натпреварот го вперил прстот кон соиграчите.
“Беше тешко, моите соиграчи често беа во мојата зона каде јас сакам да играм. Затоа морав да ја променам тактиката. За жал сето тоа беше преспоро и имавме само еден удар на гол”.
Ова беше директна критика на играта која ја поставил Мојс, па допрва ќе се види како ќе реагира на критиките на своите ѕвезди.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град