Ова е права срамота !

Мурињо полудел по емитуваната изјава

 |  инфодеск  | 

“Имам екипа, но немам напаѓач. Да, го имам Самјуел Ето, но тој има 32 години. Можеби 35”, рекол во шала, “off the record”, менаџерот на Челзи Хозе Мурињо. Меѓутоа неговите зборови ги пренела една француска тв станица. Исто така додал во неформалниот разговор дека може да дојде до искушение за да го доведе колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао.

“Јас немам напаѓач а тој нема гледачи затоа што игра пред 3000 посетители”, се потсмевал Мурињо на слабата посетеност на стадионот на Монако.

Мурињо би требало да знае дека во јавност секогаш мора да внимава што зборува, без разлика дали се работи за службен или приватен разговор. Поготово кога се во близина камери и микрофони.

Контроверзниот стратег многу се налутил кога дознал дека неговите зборови се објавени во јавност. Пред тренингот во Истанбул, воочи гостувањето кај Галата Сарај, го осудил новинарот кој го објавил тој неслужбен разговор.

“Од етичка гледна точка, мислам дека на сите би требало да ви е нелагодно, како и на медиумските професионалци. Сметам дека не можете да сте среќни ако знаете дека имате колега кој снима приватен разговор и подоцна го објавува во јавноста”, започнал Мурињо.

“Мојот коментар не беше добар, апсолутно, но од етичка гледна точка ова е права срамота. Нема да го бранам она што сум го рекол, тоа не е добар коментар, но никогаш не би го рекол тоа службено, во јавност. Пред се затоа што не се шегувам во јавност. Како второ, ако постои менаџер кој секогаш ги брани своите играчи, тогаш тоа сум јас. И како трето, затоа што во прашање е Самјуел Ето”.

“Тој нема причина да се лути. Беше во мојата екипа во една од најдобрите сезони во кариерата, кога со Интер освоиме тројна круна. Тој е еден од ретките кој со мене работи во две различни екипи, а менаџер тоа никогаш не би го направил ако тој играч не му се допаѓа како играч и како личност”, продолжил Мурињо.

“Освен тоа, и тој изјавил пред неколку години како Мурињо е единствен човек на светот за кој не сака да игра. Една година потоа играше за мене во Интер. Значи, Самјуел навистина нема причина да се лути за ова”, заклучил Португалецот. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top