Завршија Олимписките игри во Сочи

Домаќинот ги одбележа најскапите игри во историјата

 |  инфодеск  | 

Домаќинот има неколку причини за славење. Пред се, Русија е најуспешната нација со освоени 33 медали (13-11-9), пред Норвешка (26) и Канада (25).

Русите вложија 51 милијарда долари, претварајќи го Сочи од разрушено гратче на Црно Море во олимписки комплекс, и иако имаше поинакви најави, игрите протекоа без поголеми проблеми. Сигурноста е можеби најголемата победа на ЗОИ во Сочи. Многумина се плашеа од напади на исламисти кои претеа дека ќе ги нападнат игрите, но се помина во најдобар ред.

“Просто е неверојатно што се случуваше овде”, рекол Томас Бах, претседателот на МОК. Тој се потсети на својата прва посета на Сочи која била на почетокот на 90-тите, кога овој град бил стар и разрушен.

На затварањето нема да присуствуваат шест спортисти кои беа позитивни на допинг тестовите, а МОК објави дека се направени рекордни 2.453 допинг тестови.

Руските спортисти ја одбележаа олимпијадата со огромен напредок во однос на минатата во Ванкувер каде освоија само 10 медали.

“Успехот на домашните спортисти е секогаш важен за комплетниот успех на игрите”, рекол Бах.

Последниот златен медал го освоија Канадските хокеари, победувајќи ја Шведска во финалето.

Црна дамка на игрите оставија случувањата во Украина што и се одрази на спортистите кои беа во тешка ситуација поради состојбата во нивната земја. Токму поради ова Томас Бах посебно го истакна триумфот на Украинските биатлонки.

Нашите спортисти ги одбележаа Олимписките игри само како учесници со своите скромни резултати.

Следните зимски Олимписки игри ќе се одржат во Пјонгчанг 2018 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top